Маркетинг менаџер

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Маркетинг менаџер

ЗЕГИН ДОО е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Позицијата вклучува:

  • Управување со активностите на маркетингот  (планирање, организирање, водење и контролирање на активностите)
  • Планирање, организирање, водење и контрола на маркетингот на Друштвото
  • Владеење на маркетинг буџетот и на поединечните буџети за кампањи и остварување на бараните резултати
  • Известување на управата за постигнатите резултати на Друштвото
  • Идентификување и дефинирање на потребите за рекламирање на Друштвото и развивање и креирање соодветни рекламни кампањи заради постигнување на посакуваните продуктни перформанси и имиџ на компанијата
  • Проверка, одобрување и надгледување на медиа планови и реализација на кампањите
  • Пишување и дизајнирање на документација што се испраќа до медиумите
  • Проверка на преводи наменети за ПОС материјали
  • Советување за сите елементи на маркетингот како произведствениот микс, цените, рекламирањето, продажбата, промоцијата и дистрибутивните канали
  • Имплементирање на методите на модерна продажба, обезбедување на процесот во кој ентериерот на аптеките и продавниците за здрава храна ќе соодејтсвува со стандардите на Друштвото за брендирање
  • Организирање на посебни настани, наградни игри и други социјални настани за презентирање на добрата волја и општествената одговорност на организацијата
  • Одредување комуникациска стратегија за кампањите со странските добавувачи, следење на процесот на плаќања од страна на странсите добавувачи/доспеаноста на факутирите
  • Планирање на дневните задачи и управување со нив
  • Вршење на сродни работи

Профил на кандидат:

  • Познавање од областа на маркетингот
  • Добри комуникациски вештини
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Одлично познавање на работа со MS Office Suite и Internet
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Маркетинг менаџер на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »