Технолог во производство

За компанијата: „Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.... повеќе за компанијата »

АД ЕВРОПА Скопје има потреба од технолог во производство кој ќе ги извршува следните работни задачи:

- Врши распоред на работници по работни места
- Одговорен за квалитет и квантитет на производство во своја смена
- Требува суровини и амбалажа за дневно производство
- Врши евидентирање на предадени и примени количини на полупроизводи меѓу сектори
- Редовно евидентира присутни и отсутни работници и исполнување на норми; застој на машини и причини за истите
- Одговара за дисциплина во работатата, користење на работното време
- Води дневник за производство и книга за следливост на производот
- Запознаен e со принципите на HACCP, ISO, IFC и останати стандарди како и обврските од ЗБЗР и истите ги спроведува (контролира) и ги применува во работењето.

Услови за кандидатите:

  • ВСС (завршено високо образование)
  • Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
  • Насоченост на тимска работа 
  • Работно искуство ќе се смета за предност

Компанијата нуди:

 -  Можност за вработување на неопределено време

-  Можност за стручно усовршување

-  Можност да ја развивате својата кариера во една добро позната компанија со долгогодишна традиција

- Динамична работа во професионално окружување

- Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции

- Пријатна работна атмосфера и тимски дух.

- Платен оброк.

Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail:  hr@evropa.com.mк

Ве молиме да наведете во subject: Апликација за Технолог во призводство. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »