Работници во логистика

За компанијата: Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2022
  • ПАКОМ КОМПАНИ ДООЕЛ
  • Активен до 13.12.2022
  • Позиција: Транспорт/логистика/шпедиција
  • Локација: Скопје

За потребите на Паком Компани во Македонија, имаме потреба од:

Работни места: 4 слободни позиции сектор Логистика

Работни обврски:

  Магационери:

  • Прием на роба во магацин (контрола на квалитет и количини на примена роба, водење евиденција при прием),
  • Правилно одржување и спремање на постоечка роба во магацин со ПДА уреди со помош на современ систем за магацинско работење,
  • Вршење на попис на роба-издавање на роба по пат на службена  документација,
  • Утовар и истовар на роба при прием, и издавање заедно со другите колеги од логистика со современа опрема за работа,
  • Одржување на магацински простор и канцеларии во склоп на просторот-пакување на роба и максимално внимание и грижа за робата во магацин,

Доставувач на роба:

  • Подготовка на роба и возила за достава,
  • Редовно и совесно следење на потреби за сервисирање на товарен возен парк и возила и нивно одржување,
  • Подготовка и превземање на превозна документација,
  • Возење и достава на роба во Скопје и на територија на С. Македонија,

Администратор:

  • Изготвување на целокупната документација околу трговската стока во магацинот,
  • Евидентирање, класирање и раздолжување документи во магацинот,
  • Грижа за навремена достава на документите до архива, финансии и други сектори,
  • Подготовка на целокупната документација за примената трговска стока во магацин од увоз (декларации, гаранции, упатства и слично),
  • Учество при реализација на попис на трговската стока во магацин,
  • Водење евиденција за примената и издадената роба во системот на друштвото,
  • Известува и информира за разликите и своите дневни активности кон водитетолот на Логистика,
  • Му асистира на водителот на Логистика во административните работи,
  • Внимава на имплементација на FIFO/FEFO системот,
  • По потреба врши дневни, неделни и месечни пописи на залиха,
  • Внимава на поштувањето на компаниските правила, процедури како и законски обврски

 

Вештини и особини кои треба да ги поседувате:

  • Средно или високо образование,
  • Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето,
  • Здрава и силна личност со претходно искуство во логистика и магацинско работење, способна за работа во тим,
  • За доставувачи претходно искуство во возење и достава,
  • За доставувачи возачка дозвола C категорија ќе се смета за предност,
  • За доставувачи познавање на меѓуградски патишта низ С. Македонија,
  • Високо ниво на одговорност и концентрација,
  • За магацинско работење лиценца за управување со виљушкар ќе се смета за предност .
  • Основно познавање и работа на компјутер

 

Ние Ви нудиме:

  • Обука и вовед во работата во професионална интернационална компанија,
  • Работа во професионален тим со долгогодишно искуство во интернационална компанија, динамична работа исполнета со нови предизвици и можност за стекнување нови искуства и вештини,
  • Редовен работен однос и редовни навремени месечни примања со платени придонеси,
  • Компензација која стимулира (во зависност од индивидуални или тимски резултати),
  • Исплата на минат труд како додаток на основна плата, како и компензација за секој изработен час прекувремено секој месец,
  • Работа само во работни денови, слободни денови за викенди и празници,
  • Регулирано право на слободни денови и годишен одмор,
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време,
  • Дополнително здравствено осигурување по истек на пробен период,
  • Исплата на годишен регрес,
  • Работна униформа и опрема, обезбеден службен мобилен телефон и останати алатки,
  • Останати бенефиции и ваучери (пример надокнада за новороденче, вработен на годината, ваучери за деца за Нова Година, 10 години јубилеј и останато),
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирмата,
  • Организирање и присуство на спортски активности, тим билдинг и останати прослави,
  • Можност активно да учествувате во успешното работење на водечки регионален дистрибутер,
  • Можност за понатамошен развој на Вашата кариера и напредување преку лично и професионално усовршување

Вашиот успех зависи исклучиво од Вашата желба, способност, капацитет, интерес за напредок и истрајност.

Не нудиме само работно место, туку можност, со заеднички труд, вложување и резултати да оствариме уште една успешна соработка, исто како и за останатите повеќе од стотина колеги кои се веќе долги години дел од нашата групација.

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим, доставете ни ја Вашата биографија на македонски.
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »