За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот...
повеќе за компанијата »Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Работни обврски:
- Креативно размислување, давање на нови идеи, дизајн решенија и нивна имплементација
- Подготвување, дизајнирање и оптимизација на дизајни наменети за различни социјалните медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn, Google ads), веб сајтови (landing page) и други маркетинг материјали со користење на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, InDesign
- Дизајнирање на теплејти (templates), документи и материјали во согласност со бренд идентитетот на компанијата (каталози, брошури, летоци, презентации итн.)
- Изработка на дизајни за печатени материјали како брошури, флаери, пакувања, картички и слично, вклучувајќи ги сите етапи на процесот, од идејата, преку концептуалниот дизајн, до финален принт
- Визуелно пренесување и презентација на концепти, идеи, процеси, решенија со визуелно привлечни дизајни прилагодени на целната публика и целите на компанијата
- Следење на најновите трендови и иновации во областа на графичкиот дизајн вклучувајќи нови техники, софтвери, стилови и пристапи за графички дизајн и примена на истите
Квалификации:
- Одлично познавање на Adobe Illustrator, Photoshop, Indesign
- Солидно познавање на Microsoft Word и Excel
Предности:
- Креативност, посветеност, лојалност и одговорност
- Добри комуникациски способности
- Флексибилност/адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
- Ефективност и ефикасност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РСМ.
Своето CV и портфолио доставете го на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Графички дизајнер".
Слични огласи »