Хигиеничар

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

Водечкиот центар за дигитално печатење во Македонија, POLYESTERDAY, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни ,посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор за нашиот брз и одржлив развој.

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, во кој Вашето залагање и Вашите вештини ќе бидат наградувани и ќе допринесат за развој на Вашата кариера.

 

Распишуваме оглас за работното место “хигиеничар“.

 

Работното место ги опфаќа следните работни задачи:

  • Секојдневно ја одржува општата хигиена во работните, помошните, заедничките и други простори во компанијата, и тоа: чистење и бришење на подови, прозори, врати, внатрешен канцелариски и друг инвентар;
  • Одржување на хигиената со машини за одржување на хигиена;
  • Се грижи за хигиената во кујна и на кујнскиот инвентар, по потреба ги мие садовите и ја пушта машината за садови,
  • Води грижа за потрошниот материјал потребен во секојдневната работа и благовремено ги пријавува кај претпоставениот потребите за дополнително снабдување со истите;
  • Ги полева цвеќињата во работните простории;
  • За евентуални констатирани недостатоци во просториите кои ги одржува веднаш го известува претпоставениот;
  • Секојдневно го изнесува сметот  во контејнер.

 

Потребни се следните квалификации и компетенции:

  • Минимум средно образование
  • Работно искуство во одржување на хигиената ќе се смета за предност
  • Способност за тимска работа
  • Самоиницијативност
  • Подготвеност на работа под притисок
  • Исполнување на одредени задачи во предвиден рок.

 

Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец.

Основната нето плата изнесува  15.000 денари.

Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата:  [најави се за да го видиш е-маилот]   или на адреса ул.Рајко Жинзифов бр.50 со назнака на кое работно место се конкурира.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Телефон за контакт: 074 608 777

Веб сајт: www.print.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »