Key Account Manager – Управувач со портфолио на клучни клиенти

Исклучителна можност за вработување во Сава пензиско друштво а.д. Скопје за позицијата:

KEY ACCOUNT MANAGER – УПРАВУВАЧ СО ПОРТФОЛИО НА КЛУЧНИ КЛИЕНТИ

Опис на работните задачи:

  • Водење на продажни тимови за пензиско осигурување,
  • Формирање на нови канали за продажба
  • Вршење работи на маркетинг на пензиските фондови и склучување на соодветни договори;
  • Контактирање со потенцијални членови и закажување на состаноци;
  • Грижа за членови на пензиските фондови;
  • Едукативни активности;
  • Склучување на договори за исплата на пензија и пензиски надоместоци;
  • Изработка на извештаи
  • Други активности по барање на претпоставените во делокруг на активности на маркетинг на пензиски фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Потребни квалификации:

  • Работно искуство од минимум 2 години во продажба
  • Искуство во водење на продажни тимови
  • Завршено најмалку средно образование;
  • Познавање на Excel, Word, Power Point;
  • Поседување возачка дозвола Б категорија;
  • Комуницикациски вештини;
  • Дополнително, ќе треба да стекне лиценца за агент за вршење на работи на маркетинг на Капитално Финансирано Пензиско Осигурување. 

Сава пензиско друштво а.д. Скопје нуди:

  • Исклучителна работна средина и висока работна култура;
  • Интересна и динамична работа;
  • континуиран професионален и личен развој со силна поддршка од друштвотo;
  • Работно време 40 часа неделно, секој работен ден од понеделник до петок од 08-16 часот;
  • Конкурентна, сигурна и редовна фиксна плата  + варијабилен дел, со можност за одлична заработка;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Исплата на регрес за годишен одмор и Новогодишен надомест со поединечен износ од една просечна плата;

Дополнителни информации

За да аплицирате доставете ја Вашата лична биографија на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 05.11.2022 година.

Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »