ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работно место:

 

ИНСПЕКТОР ЗА КВАЛИТЕТ

 

Опис на работни задачи

 

  • Влезна инспекција;
  • Финална проверка на производот;
  • Работа со nonconformity product
  • Ревизија и контрола на производниот процес
  • Надгледување на примената на системот за квалитет во сите фази од производството, преку проверки и ревизии;
  • Предлагање на корективни и превентивни мерки произлезени од процесни ревизии;
  • Проверка на контролните книги;
  • Тест возење на автобуси и прибележување на неусогласеностите кои произлегле од истиот;

 

Потребно образование, вештини, знаења и искуство

 

  • ВСС – Машински Инженер;
  • Претходно искуство со системи за квалитет (ISO) ќе се смета за предност;
  • Пожелно претходно работно искуство во авто-индустрија;
  • Напредно познавање на Microsoft Office;
  • Течно зборување и пишување на Англиски и Македонски јазик;

 

Што нудиме:

 

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Можност за професионално усовршување, обука и напредок на работното место;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

Краен рок за доставување на апликациите: 28/02/2020

 

Исклучиво апликациите доставени преку www.vanhool.mk ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »