За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна...
повеќе за компанијата »Како една од најголемите и најуспешните компании во својата дејност, со најдобра инфраструктура и најширока мрежана аптеки во земјата, Зегин има потреба од проширување на својот тим на професионалци.
Доколку сте посветена личност, со високи вредности, имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, проактивни, позитивни, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми и самомотивација, станете дел од нашиот тим и аплицирајте за работа во Зегинна работна позиција:
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА РЕГУЛАТИВА И РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ
ШТО БАРАМЕ:
- Завршено високо образование од областа на медицината или фармацијата
- Работно искуство во областа на регистрација на лекови и познавање на законската регулатива во областа претставува голема предност
- Задолжително добро познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање на MSWindows и MSOffice,
- Прецизно, навремено и точно управување со информации, податоци и документи
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за ефикасно работење во динамична канцелариска средина со комерционална ориентација и работа под притисок
- Способнот за добро управување со времето и поставување на приоритети
- Иницијативност и проактивност
ОДГОВОРНОСТИ:
- Подготовка на локални апликационидокументи потребни за регистрација, обнова, варијација и други активности поврзани со регулаторните барања за ставање на лекови, медицински средства, гранични производи, додатоци на исхрана и слично. во промет;
- Следење и спроведување на системот на фармаковигиланца и метериовигиланца;
- Следење на нови законски регулативи и измени на постојните закони на РСМ во врска со регулаторните активности со наведените производи;
- Работење во електронскиот систем на Агенција за лекови, системот за фармаковигиланца и exim системот;
- Спроведување на постапки за добивање на мислење за безбедност на додатоци на исхрана, следење на законската регулатива поврзана со Закон за безбедност на храна, следење на сите процеси поврзани со додатоците на исхрана;
- Формирање единствени цени на лекови;
- Секојдневна комуникација со лица одговорни за постапките кои се водат во Агенција за лекови и медицински средства и во Агенција за храна и ветеринарство;
- Секојдневна комуникација со странските фирми во однос на споделување информации и документација за производите;
Што нудиме:
- Основна нето плата по договор
- Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на договор за работа
- Работно време: понеделник – петок 08.00 – 16.00 часот,
Испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Oдговорно лице за регулатива и регистрација на производи на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.
Останати огласи »