Машино-Монтер

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија  и има потреба од вработување на 2 (две) лица, динамични и мотивирани да работат во мултидисциплинарна работна средина за пополнување на позицијата:

Машино-монтер

Задачи и одговорности

  • Врши навремено и стручно отстранување на сите дефекти во дистрибутивната мрежа и во топлинските станици, а кои ја спречуваат нормалната испорака на топлинска енергија во објектите кои се во негова надлежност;
  • Одговорен е за правилна експлоатација на сите постројки и опрема во дистрибутивната мрежа и топлинските станици во рамките на дистрибутивниот систем;
  • Одговорен е за навремено и стручно постапување по сите рекламации од корисници кои се однесуваат на објекти кои се во негова надлежност;
  • Одговорен е за техничката исправност и за хигиената во топлинските станици за кои е задолжен како домаќин;
  • Одговорен е за одржување и сервисирање на машинскиот дел од опремата во рамките на дистрибутивниот систем;
  • Одговорен е за испорака на топлинска енергија согласно дијаграмот за испорака во објектите кои се во негова надлежност, а кои не се под далечинска контрола и управување;
  • Врши контрола - увид во внатрешните инсталации на корисниците, одговорно и правилно;
  • Одговорен е за спречување на пристап и активности на неовластени лица во топлинските станици и шахти на реонот за кои е одговорен;
  • Ги реализира налозите за испуштање на вода, исклучување и приклучување;
  • Учествува во откривање на истекување на вода од мрежа со испитување на делници и проверка на шахти;
  • Благовремено ги известува претпоставените за битни новонастанати ситуации во поглед на проблеми со греење и истекување на вода;
  • Обезбедува услови за отстранување на дефекти на дистрибутивната мрежа;
  • Учествува во прием и пуштање на нови топлински станици и делови на мрежа;
  • Извршува превентивно-планска контрола на дистрибутивните постројки и опремата во објектите во рамките на својот реон;
  • Врши монтажа и демонтажа на арматура во топлинскте станици и на дистрибутивната мрежа;
  • Во летниот период врши хидраулично напрегање, прочистување, испитување како и ремонт на дистрибутивните постројки и дистрибутивната мрежа;
  •  Работи во смени според месечниот распоред за работа, а во случај на потреба и прекувремено;
  • Врши активности на грејни инсталации кои се поврзани на системот за централно греење со кој управува Друштвото исклучиво во работно време со претходно одобрување од страна на претпоставениот или налог од Диспечерскиот центар;
  • Овозможува пристап на надворешни лица кон грејните инсталации кои се поврзани на системот за централно греење со кој управува Друштвото исклучиво со писмен налог од претпоставениот или налог од Диспечерскиот центар;
  • Управува службено моторно возило

Критериуми за избор

  • Степен на образование – 4 или 3 степен; ССС,ССЗ – техничка насока
  • Вработување на определено време од 6 месеци со можност за  продолжување на неопределено време
  • Со и без работно искуство
  • Возачка дозвола “Б” категорија
  • Работно време 40 часови неделно
  • Работникот ќе работи во смени (06-14; 14-22; 22-06)
  • Основна нето плата – 21.000 денари

 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:

Електронски:

Message to:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Subject: Пријава: Машино-монтер

 

По пошта:

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,

Ул. „Лондонска“ бр. 8   , 1000 Скопје

Пријава: Машино-монтер

Рокот за пријавување е 4  дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45  дена, до 500 - 90 дена и над 500 - 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок  нема да бидат земени во предвид.

Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514-026.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »