SOFTWARE DEVELOPER (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. 

 

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 

 

Во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка за апликации кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации. 

 

SOFTWARE DEVELOPER (М/Ж) 

 

Работни задачи: 

  • Анализа на кориснички барања 
  • Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија 
  • Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија 
  • Креирање техничка документација и документирање на изворен код 

 

Потребни компетенции:

  • Високо образование - Информатика 
  • Одлично познавање на JavaScript/JQuery/Angular(2+)/HTML/CSS и развој на responsive web апликации 
  • Искуство со Visual studio.NET (C#, ASP.NET, MVC) 
  • Искуство со SOAP, WSDL, XML и XSL/XSLT трансформации 
  • Познавање на релациони бази на податоци: SQL Server (T-SQL) и Oracle (SQL, PL/SQL) 
  • Познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работа 
  • Одлично познавање на Англиски јазик, пожелно е познавање на Германски јазик 
  • Работно искуство најмалку 3 години 
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, комуникативност, тимски играч 

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо. 

 

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  

 

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »