Телефонски оператори

За компанијата: Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето... повеќе за компанијата »

Mellon Group е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Mellon Group е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

 

Мелон Солушнс Дооел, членка на Mellon Group, за својата канцеларија во Скопје има потреба од:

Телефонски оператори

[реф. бр. 2019-026]

 

Профил на работната позиција:

  • Активна телефонска комуникација со постоечки и потенцијални клиенти преку влезни и излезни повици;
  • Обезбедување на информации во врска со производи, услуги, финансиски и технички прашања;
  • Регистрација на резултатот од повиците во соодветна софтверска апликација;
  • Обезбедување високо ниво на услуга преку следење на специфични процедури за работа.

 

Профил на кандидатот:

  • Завршено средно образование;
  • Основно познавање на MS Office;
  • Одлични комуникациски вештини, eлоквентност и дикција;
  • Искуство во продажба/телемаркетинг, грижа за корисници и телефонска наплата на долгови ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски и/или албански јазик ќе се смета за предност.

 

Услови:

  • Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи.

 

Компанијата го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: jobs.mk@mellongroup.com  најдоцна пет дена од објавувањето на огласот.

 

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »