Доставувач

  • Објавен пред една недела
  • Алма - М ДООЕЛ
  • Активен до 21.10.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Алма - М објавува ОГЛАС за извршител на следната работна

Позиција: ДОСТАВУВАЧ

Датум на објава: 9 Октомври 2018

Рок за пријавување до: 21 Октомври 2018

Број на оглас: О-Д-ДО-181009

Сектор: Достава

Локација / Регион: Скопје

Одговара на претпоставен/а: Супервизор на Достава

Работни задачи:

  • Проверка на возило за достава пред секое заминување на пат,
  • Утовар, транспорт, истовар и достава на производи на безбеден и навремен начин, според спецификација,
  • Прифаќање на плаќања за испорачани производи и уплата на дневен промет во рок од 24 часа,
  • Обезбедување на одлични услуги на клиентите, одговарање на прашања и известување на претпоставениот за жалби од клиенти,
  • Почитување на доделена рута и временски распореди,
  • Почитување на сите закони за транспорт и безбедно возење,
  • Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
  • и други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:

  • Поседување возачка дозвола Ц – категорија
  • Минимум завршено средно образование
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација,
  • Професионално однесување,
  • Организиран, мотивиран и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Позитивен однос кон промени

Потребно искуство:

  • Активен возач (минимум 2 години)
  • Претходно работно искуство не е потребно

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: vrabotuvanje@alma-m.mk со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на нето плата за огласените работни места, изнесува во опсег од 20.000,00 до 25,000,00 во зависност од работната успешност. 
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

КЛИКНИ