Плата од 20.000 ден. до 60.000 ден.
ФОРУМ-ИНД ДООЕЛ СТРУМИЦА е компанија во областа на угостителство, трговија и услуги и нуди можности за усовршување на професионален план.Тимот од професионалци секогаш е спремен во пријатна и работна атмосфера да се вклучи во професионална соработка со вработените се со цел постигнување на подобар успех во компанијата. Фирмата во моментов има потреба од следниве работни позиции во канцелариите во Скопје:
- ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ( со лиценца ) за подготовка и поднесување на ДДВ пријави, завршни сметки и сметководствени книжења,комуникација со УЈП и други институции кои се потребни за потребите на фирмата
- ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ - ажурирања и евиденција на влезни и излезни фактури, книжења и други поврзани активности кои ќе бидат во координација со овластениот сметководител
- ПРАВНИК/ПРИПРАВНИК - подготовка на договори, одлуки,следење на целокупната правна документација на фирмата
- АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ (со економски факултет) - сметководствени и финансови работи кои произлеуваат од дејноста, работа и комуникација со релевантни институции, доставување на извештаи и поднесоци до УЈП, ЦРМ
-ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР/КА - архивирање на целокупната документација за фирмата, распределба на пошта,водење на дневна агенда на генералниот директор,набавки за потребите на фирмата, превземање на повици
Компанијата нуди одлични услови за работа, конкурентна плата и континуирана надоградба.
Работно време од Понеделник до Петок од 08.00 до 16.00 часот
Плата од 20.000 до 60.000 во зависност од искуството.
НАПОМЕНА: Работните места се однесуваат за работа во канцелариите кои се наоѓаат во Скопје.