Електро-техничар

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Електро Техничар

 Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • ССС - пожелно насока електротехника - енергетика
  • Пожелно е 2 години работно искуство во иста или слична дејност
  • Пожелно е кандидатот да биде од близина на Кавадарци/Росоман/Неготино
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
  • Компјутерски познавања од соодветната област;

 

Одговорности и работни задачи:

  • Врши оперирање, манипулирање и редовни проверки во целокупната електроенергетска и електротехничка опрема во координација со непосредниот Раководител и работните упатства и учествува во одржување и сервисирање на целокупната електрична инсталација;
  • Учествува во пуштање на нова електро опрема во употреба;
  • Непосредно оперирање на целокупната термотехничка инсталација (HVAC Системот) и системите за автоматизација (BMS/EMS) во координација со непосредниот раководител;
  • Ги управува и одржува системот за противпожарна заштита во координација со непосредниот Раководител и работните упатства;
  • Помага во квалификација, валидација и калибрација на електро-машинската опрема;
  • Помага во изготвување на годишна инвестициона програма и годишен план за редовно одржување на целокупната електро техничка опрема.
  • Се грижи за правилно чување на опремата и резервните делови.

 

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Следење на зададени процеси и процедури во одржувањето;
  • Способност за анализа на настанатите дефекти и проблеми;
  • Самоиницијативност, лојалност и одговорност во извршување на работните задачи;
  • Способност за тимска работа и работа во динамична средина;

 

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »