Техничка поддршка
Ние сме компанија основана во 2005 година. Континуирано напредуваме и постојано го прошируваме нашето работење. Делуваме во Обединетото Кралство (од 2005 г.), Хрватска (од 2008 г.), Македонија (од 2009 г.), Босна и Херцеговина (од 2011) и Србија (од 2015 г.).
Имаме отворено работна позиција за повеќе извршители, со назнака „Техничка поддршка“
Пожелно е познавање на:
- Microsoft Windows 7 / 8 / 10 Desktop,
- Користење на Microsoft Office апликации,
- Користење на Active Directory и MS Exchange Administration,
- Искуство во Microsoft Office 365 administration,
- Познавање и одржување на локални мрежи и интернет конекција, инсталација на принтери, конфигурација и поддршка,
- Спосбност за менаџирање и препознавање на приоритетност во извршување на работните задачи,
- Основно познавање од Citrix и thin client технологии,
- Основно познавање на ITIL,
- Оваа работна позиција бара работа во ноќни смени и викенди, според договорениот распоред.
Од вас очекуваме:
- Да имате што повеќе познавање од горе наведените технички вештини и барања,
- Тоа за што немате познавање, ние ќе ве научиме. Важна е вашата желба за тоа,
- Од големо значење за ова работно место е забележување на детали, бидејќи кандидатот е дел од тим кој ќе има за задача ажурирање и водење на целата IT документација,
- Познавање на англиски јазик,
- Одлични комунациски вештини (во пишана и вербална форма) поради потребата од комуникација со клиенти,
- Да имате техничко познавање и желба за учење на нови работи.
Нудиме:
- работа во стабилна меѓународна компанија, со млад, иновативен и динамичен тим,
- работна околина која нуди постојан работен предизвик,
- добри и стабилни финансиски примања,
- можност за учење, напредување и професионален развој
Вашиот профил:
- минимална стручна спрема (ССС),
- неказнуван/а,
- познавање на Англиски јазик.
Доколку сте заинтеерсирани пратете ни го вашето професионално портфолио заедно со мотивационо писмо (во PDF формат) на [најави се за да го видиш е-маилот]
Повеќе детали на следниот линк.