ПОЗИЦИЈА ЗА ПРОДАЖБА/МАРКЕТИНГ

  • Објавен на 1.2018
  • Инсајдер ИД
  • Активен до 20.01.2018
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.insider.mk

Агенцијата за Истражување Инсајдер ИД ДООЕЛ има потреба од едно лице за позицијата Продажба/Маркетинг со следните квалификации и образование.

Општи карактеристики на потенцијалниот кандидат:

  1. ВСС - Економски Факултет Скопје
  2. Возачка Б Категорија
  3. Познавање на Англиски јазик
  4. Со и без работно искуство

Специфични карактеристики на потенцијалниот кандидат:

  1. Аналитички и организациски способности
  2. Познавање на MS Office и MS Excel (Напредно ниво)
  3. Познавање на софтвер за графички дизајн ќе се смета за предност
  4. Претходно искуство во продажба ќе се смета за предност
  5. Познавање на MailChimp и WordPress ќе се смета за предност

Обврски и одговорности:

  1. Секојдневна комуникација со потенцијални и постоечки клиенти
  2. Организација и извршување на продажни состаноци со потенцијални клиенти
  3. Исполнување на договорени месечни продажни таргети
  4. Креирање на промотивни материјали за унапредување на продажбата и пласман на нови услуги
  5. Организација на продажни маркетинг кампањи
  6. Детално познавање на производите на компанијата

Како компанија нудиме високо динамична средина во која секојдневно како тим се учат нови работи. Работната атмосфера овозможува просперитет и напредок само за лицата кои се подготвени за екстремно професионална работа, постојано учење и преземање на ризик.

Платата за позицијата во првите 3 месеци се предвидува да изнесува 15.000 нето + мотивирачки процент од продажба и реализација на таргет.

Се замолуваат сите заинтересирани да аплицираат на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани за понатамошни чекори.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »