Графички дизајнер

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

Најголемиот принт центар во Македонија Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.

Полиестердеј има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција – Графички дизајнер

Потребни квалификации:

  • Минимум две години искуство,
  • Одлично познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign и останати алатки;
  • Комуникативност, организираност и одговорност кон доверените работни задачи,
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Работни задачи и одговорности:

  • Прием на фајлови за печатење, нивна проверка и адаптација,
  • Графички дизајн и подготовка за печатење на материјали,
  • Дефинирање на барањата на клиентите и изработка на понуда,
  • Комуникација со клиенти во процесот на реализација на проектите.

Што нудиме:

  • Постојана поддршка и помош во периодот потребен за адаптација,
  • Можност за учење и стекнување нови вештини,
  • Обезбеден превоз до работното место,
  • Колективно осигурување во случај на незгода,
  • Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим со испраќање на Вашето CV на   [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов: “за работна позиција – графички дизајнер”.

 

Веб сајт:

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »