Управител/ка на домаќинство

За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на... повеќе за компанијата »

Управител/ка на домаќинство е личност која работи во рамките на домот, односно приватното домаќинство на едно семејство. Овој управител го организира домаќинството во целост, ги распределува работните обврски на останатите кои работат во домаќинството и им помага на своите соработници во секојдневните работни активности. Ангажирање на ваква личност и професија се прави со цел да се опфатат и завршат поголем број на домашни задачи во еден дом, да се координираат и усогласат останатите луѓе кои работат во домаќинството и тоа во согласност со индивидуалните потреби и желби на членовите кои живеат во тој простор. Доколку се пронаоѓате во оваа професија пријавете се на огласот и станете дел од нашиот тим.

Секое семејство е индивидуално и има различни потреби согласно на кои се дефинираат и обврските на управителот на домаќинство. 

Локација: Водно, Центар

Работно време: 09:00 - 17:00 часот(понеделник - петок, сабота по договор)

Плата: по договор(можност за напредување)

Клучни одговорности и обврски на домаќинката можат да опфаќаат следно:

  • Навремено известување и правење списоци за набавка на потребни материјали, средства и опрема.
  • По потреба јавување и одговарање на телефон.

  • Надгледување и известување на семејство за потребни поправки и измени.

  • Распределување на домашни обврски на други вработени во домот на семејството (на пример на возачот кој треба да набави продукти, на хигиеничарката која треба да ги брише прозорците или да ги чисти тоалетите)

  • Припрема и подготовка на оброци: прибавување на продукти за подготовка на оброци, планирање и подготовка на оброци со семејство, евиденција на трошоци за продукти.

  • Селекција и ставање во машина за садови, вклучување машина за садови и вадење на садови од машина.

  • Одржување на алишта: селекција на алишта за перење, вклучување машина за алишта, распределување на алишта во машина за сушење.

Квалификации и вештини:

  • Средно образование или високо образование 
  • Препорака од претходни работодавачи.
  • Минимум 2 години претходно искуство како асистент во домаќинство или работа како домаќинка.
  • Посветеност на работно место и обврските.
  • Организациони способности.
  • Соодветна комуникација и професионален однос со семејство.
  • Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 23 мај 2017 година.
  • Сите апликации ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

www.babysittingmk.com

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »