Social Media Specialist

За компанијата: KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 10 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија. KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи... повеќе за компанијата »

КАРИЕРА.мк го проширува својот маректинг тим и има потреба од Специјалист за социјални медиуми кој има солидно искуство и сака нови предизвици. Оваа позиција би била совршена за некој што обрнува внимание на детали и е креативец.

 

Работни задачи:

  • Спроведување на веќе одобрен маркетинг план на нашите социјални канали FB/IG/LinkedIn
  • Создавање / пишување и постирање на содржини, дизајни и банери за рекламен простор
  • Развивање на нови креативни маркетинг кампањи (со поддршка од страна на цел тим)
  • Зголемување на свесноста за брендот
  • Email Marketing и
  • Техничка поддршка

Аплицирај на овој оглас доколку си:

  • Вреден, посветен и креативен
  • Самоиницијативен, одговорен и доверлив
  • Имаш одлично познавање на македонски и англиски јазик (пишување и граматика)
  • Имаш познавање на Facebook, Instagram и Linkedin рекламирање и креирање на кампањи
  • Имаш познавање на Canva и чувство за графички дизајн
  • Добар time managment
  • Тимски играч

Работни бенефиции кои ги овозможуваме:

  • Работно време од понеделник-петок од 8:00h - 16:00h со слободни викенди
  • Сигурни, редовни и конкурентни месечни примања
  • Здрава и позитивна работна атмосфера во млад тим
  • Учење на нови маркетинг, аналитички алатки и обуки
  • Работа со искусни професионалци
  • Работа на портфолио на најголемите и најуспешни компании во државата
  • Можност за напредување

Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати кои долгорочно се гледаат себе си во оваа работна улога да аплицираат преку копчето АПЛИЦИРАЈ!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »