Директор на филијала

(преземи го огласот во Word)

Компанијата  BEOROL се занимава со производство, увоз и дистрибуција на рачен алат, заштитна опрема, техничка хемија, домашен и градинарски програм во регионот и пошироко, со над 20 години константен раст и ширење. Благодарејќи на пожртвуваните тимови, постојаното унапредување на нашиот асортиман и посветеноста на работата на нашите клиенти земавме водечко место на пазарот во Југоисточна Европа. Наши ќерки фирми се наоѓаат во Босна и Херцеговина, Унгарија, Македонија, Црна Гора , УАЕ (Дубаи), Романија и Русија  со тенденција за ширење во земјите на европскиот континент. Нашите производи ги извезуваме во над 50 земји од Блискиот Исток до Јужна Америка. Горди сме на успехот кој го остваруваме и затоа бараме амбициозни соработници кои ќе ја делат нашата визија за работење.

Доколку сте спремни за постојано учење и усовршување, напорна работа, и посветеност на клиентите, во амбизиозно опкружување јавете се на нашиот оглас за: 

 
ДИРЕКТОР НА ФИЛИЈАЛА

 

Одговорности:

  • Планирање, развој и имплементација на работните и продажните стратегии на Беорол
  • Следење на распоредот за наплата, изготвување фактури, грижа за профитабилноста на компанијата
  • Грижа за сигурна имплементација на продажните стратегии на територијата на Македонија
  • Одговорен за максимално препознавање на брендот и на продуктите.
  • Одговорност за цели како што се добивка, раст и удел на пазарот
  • Припрема на годишни буџети на продажба
  • Преговарање за годишни договори од нацрт до завршен попис на трговските и општите услови
  • Обезбедување на прецизни месечни и квартални прогнози за продажба и оперативни состаноци за планирање и вклучување на мерење на вистинските резултати споредбено со даденити прогнози
  • Константно ангажирање за зголемување на уделот на пазарот и да ги максимизира новите можности за развој на работата
  • Идентификација на можностите за раст на работењето со постојните клиенти и стекнување на нови клиенти
  • Да го иницира процесот на продажба со изградба на врски; одредување на потенцијален квалитет и планирање на состаноци
  • Развој на продажба со давање на иницијална презентација; објаснувања за подобрување и додатоци на производите и услугите; воведување на нови производи и услуги
  • Обезбедување на редовни повратни информации на претпоставените за перформансите на продажба и да предлага понатамошни активности за да се одржат и унапредат клучните показатели
  • Одржува и развива контакти со локалните клиенти со цел да се постигне високо ниво на задоволство и соработа

 

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома
  • 5-10 год. работно искуство во делот на продажба ( проближен отсек, но и FMCG, consumer goods)
  • Претходно искуство на управувачка позиција – најмалку 3 години
  • Големо деловно расудување како и разбирање на економијата на работењето
  • Способност да покаже лидерство, иницијатива и одлучност во опкружувањето на тимот кој е насочен кон раст
  • Работно користење на англиски јазик и MS Office
  • Силен фокус кон градење, негување на релации и грижа за клиенти
  • Ориентираност кон резултати и способност за менаџирање на приоритети
  • Одлични планирачки, организациски и интерперсонални способности
  • Познавање на албански јазик - предност

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »