Менаџер за координирање на продажната мрежа

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

Друштво за осигурување НОВА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, поради проширување на својот тим за координирање на продажната мрежа има потреба од ангажирање на истрајни и амбициозни луѓе спремни за предизвики и изнаоѓање на решенија, има потреба од:

 

 Менаџер за координирање и администрирање на продажна мрежа.

Извршители: 2

 

Потребни услови:

  • ВСС,
  • Профил: Економски, Правен, Осигурување,
  • Најмалку 1 година работно искуство во областа на осигурувањето,
  • Работа на компјутери (кориснички способности- Ворд, Ексел, Интернет).

 

Опис на работите и задачите:

  • Ја координира работата за продажба на осигурувања во определените Подружници на Друштвото,
  • Одржува тренинзи и обуки на вработените во Подружниците,
  • Ја следи работата  на агентите за осигурување,
  • Воспоставува контакти, учествува во изготвувањето на понуди и склучува нови осигурувања, врши обнова на постоечки осигурувања и наплата на премија,
  • Одговорен е за работа на продажната мрежа согласно прописи,
  • Го следи и контролира исполнувањето на месечните индивидуални планови на агентите и исполнувањето на вкупниот план на определените Подружници,
  • Со новите агенти, во првиот месец од работењето реализира задолжително посети на клиентите,
  • Организира состаноци со продажната мрежа,
  • Води евиденција на клиенти,
  • Држи постојана комуникација и ја контролира работата на агентите преку другите канали за дистибуција,
  • Ја поттикнува продажбата преку осмислување на нови концепти за зголемување на продажбата и со  директно учество во промотивни активности, презентации и контакти со клиенти.

 

Сите заинтересирани кандидати може да достават своја професионална биографија на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Напомена: Вашите апликации претставуваат деловна тајна и истите нема да бидат пренесени на трети лица или употребени за друга цел.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »