Консултант за осигурување

(преземи го огласот како слика)

 

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје вработува:

Консултант за осигурување

Во потрага сме по динамична личност со бизнис ориентација кон реализација на продажни цели, желба и амбиција за личен развој, одлични комуникациски, преговарачки и продажни вештини и амбиција за напредок во кариера.

Основни работни задачи:

  • Реализира продажни цели преку професионално советување на правни и физички лица од областа на осигурувањето;
  • Учествува во развој на идеи со цел унапредување на продажбата.
  • Aктивно предлага мерки за унапредување на продажбата и проширување на осигурителното портфолио.
  • Чесно, посветено и професионално ги гради и одржува реалациите со сите постојни и нови клиенти;
  • Изготвува извештаи и потребна документација за продажба на осигурување
  • Подготвување и издавање на полиси и одржување на документација

Квалификации, вештини и искуство:

  • Минимум Средно образование
  • Претходно работно искуство во осигурување, продажба или финансиска институција ќе се смета за предност
  • Проактивен пристап и мотивација за напредок
  • Фокусираност кон резултати и развој
  • Развиени комуникациски и продажни вештини
  • Желба и подготвеност за учење и вложување на време и ресурси
  • Пожелно поседување на дозвола за управување на моторно возило од Б категорија

Добро е да си во Кроација

Одлични фиксни примања со мотивирачки бонуси и други бенефиции преку програмата за вработени ДОБРО Е ДА СИ ВО КРОАЦИЈА;

  • Избраниот кандидат/и ќе работат со полно работно време - неделното работно време е 40 часа во Скопје.
  • Вработување на полно работно време во Скопје
  • Основна плата плус варијабилен дел
  • Работа во осигурителна компанија во позитивна, инспиративна и динамична работна средина;
  • Поддршка во процесот на работно воведување и едукација, но и во процес на развој и напредок;
  • Дефиниран кариерен план за личен развој, напредување во кариерата и зголемување на личните приходи;
  • Континуирана едукција во рамки на групацијата Croatia Osiguranje и од надворешни обучувачи во земјата и странство;

Ве охрабруваме Вашата кратка професионална биграфија да ни ја испратите најдоцна до 15.02.2023г. на следната mail адреса: hr@crosig.mk   со назнака: АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОМЛАД МЕНАЏЕР ЗА СТРАТЕШКИ КЛИЕНТИ

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или писмено ќе бидат повикани на разговор.

Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на Огласот за вработување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »