За компанијата: Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на...
повеќе за компанијата »
САМОСТОЕН КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Одговорности и задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
- Познавање и постојано следење на каталогот и техничките карактеристики на производите
- Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти
- Изработка на потребна документација
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Организациски и аналитички способности
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
- Одговорна, мотивирана и стабилна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Флексибилност за работа на терен
Квалификации:
- ССС/ ВСС
- Pаботно искуство на слична позиција во истата бранша од најмалку 3 години.
- Познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност)
- Задолжително познавање на работа со компјутери
- Поседување возачка дозвола Б-категорија (активен возач)
Плата 45.000 денари нето, за исполнет план на продажба.
Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, на e-mail:_ [најави се за да го видиш е-маилот] и [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака „Комерцијалист ”.
Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место „Комерцијалист “.
Огласот е отворен 10 (десет) дена
Само одреден број на селектирани кандидати ќе бидат известени и повикани на тестирање и разговор.
Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.
Слични огласи »