АД ЕВРОПА Скопје има потреба од технолог во производство кој ќе ги извршува следните работни задачи:
- Врши распоред на работници по работни места
- Одговорен за квалитет и квантитет на производство во своја смена
- Требува суровини и амбалажа за дневно производство
- Врши евидентирање на предадени и примени количини на полупроизводи меѓу сектори
- Редовно евидентира присутни и отсутни работници и исполнување на норми; застој на машини и причини за истите
- Одговара за дисциплина во работатата, користење на работното време
- Води дневник за производство и книга за следливост на производот
- Запознаен e со принципите на HACCP, ISO, IFC и останати стандарди како и обврските од ЗБЗР и истите ги спроведува (контролира) и ги применува во работењето.
Услови за кандидатите:
- ВСС (завршено високо образование)-Технолошко металуршки факултет
- Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
- Насоченост на тимска работа
- Со или без работно искуство.
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време
- Можност за стручно усовршување
- Можност да ја развивате својата кариера во една добро позната компанија со долгогодишна традиција
- Динамична работа во професионално окружување
- Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции
- Пријатна работна атмосфера и тимски дух.
- Платен оброк.
Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail: hr@evropa.com.mк
Ве молиме да наведете во subject: Апликација за Технолог во призводство. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју.