Менаџер за продажба на возила

За компанијата: Групацијата ОНЕ се состои од финансиските институции ОНЕ Лизинг, ОНЕ Финанце и компанијата за продажба на половни возила ОНЕ Ауто. повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 4 месеци
  • ONE LEASING
  • Активен до 06.03.2024
  • Позиција: Менаџер/Директор
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.onegroup.mk

(преземи го огласот во Word)

Друштво за трговија ОНЕ АУТО ДООЕЛ Скопје  е компанија за продажба на половни возила која својот бизнис го гради врз принципите на посветеност, експертиза, иновации и ефикасност. Компанијата располага со широк спектар на брендови набавени преку платформи од Франција, Италија, Белгија и Германија. Сите возила на продажба се сервисирани, регистрирани и со гаранција за километража.

Поради брз раст на компанијата имаме потреба од зголемување на нашиот тим, и со овој оглас повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Менаџер за продажба на возила.

Краток опис на услови, способности / вештини за работното место:

  • Вештини за преговарање
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Внимание на детали и ориентираност кон резултати
  • Активно говорење и пишување на англиски јазик
  • Познавање на MS Office
  • Искуство од најмалку 1 година во продажба

Работни задачи:

  • Услужување на сите потенцијални клиенти, презентирање на автомобилите како и користење на продажни аргументи со цел успешно затворена продажба
  • Одговарање на дојдовни повици од клиенти и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на клиентите
  • Детално познавање на автомобилите (брендови, модели...)
  • Детално познавање на пазарот и пазарните трендови во областа на користените автомобили 
  • Водење евиденција за возила на залиха како и план за возила за набавка согласно анализата на пазарните трендови
  • Избор и набавка на возила од соработници во странство
  • Подготовка на извештаи за потребите на менаџментот

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »