Плата од 40.000 ден. до 50.000 ден.
За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можности за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Самостоен соработник за известување
Обврски и одговорности:
- Изготвување редовни извештаи за финансиското работење на Друштвото, по барање на директно претпоставен.
- Учествување во изготвување на извештаи за државни институции (Агенција за супервизија на осигурување, Национално биро за осигурување, УЈП и др.), во соработка со Директорот на Дирекција и Раководителот на Оддел.
- Учествување во изготвувањето на буџетот и финансиските планови на Друштвото за следната финансиска година.
- Изготвување месечни финансиски извештаи за акционерот во соработка со директно претпоставени.
- Учествување во изготвување на процеси и процедури за следење на ликвидноста и други акти од областа на финансиско работење.
- Изготвување финансиски анализи на месечната активност, вклучително споредбено со изминати периоди, варијации и на буџети.
- Учествување во реализација на обврските на Друштвото кон Агенцијата за супервизија на осигурување и други институции определени со Закон.
- Учествување во усогласување на финансиското работење на Друштвото со применливата даночна регулатива.
- Извршување и други работи по барање на претпоставени лица.
Потребни квалификации и карактеристики:
- Универзитетска диплома од економски науки или финансии.
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на осигурување или финансии.
- Лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност.
- Познавање на англиски јазик е задолжително; познавање на турски и/или албански јазик ќе се смета за предност.
- Компјутерско познавање на Microsoft Office и познавање на сметководствени политики и финансиска анализа.
- Висок степен на креативност и иновација.
- Добро планирање и организација.
- Ориентираност кон клиенти.
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
- Способност за тимска работа и брзо адаптирање на нова работна средина.
Бенефиции:
- Платено приватно здравствено осигурување.
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој.
- Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.
- Слободен ден за роденден.
- Подароци за вработени (роденден, новороденче и др.).
- Други бенефиции.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете го вашето CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Оглас за вработување на Самостоен соработник за известување“.
Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат користени за намената на овој оглас. Податоците ќе бидат избришани во рок од 1 година од приемот.
Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »