Новинар-уредник на Кафе пауза

За компанијата: Веб-портал за релаксација, забава и едукација повеќе за компанијата »

Го освежуваме нашиот тим. Ни треба одговорна, квалификувана и енергична личност која секојдневно ќе го надополнува сајтот со квалитетни и интересни содржини. Доколку ги исполнувате долунаведените критериуми ве охрабруваме да аплицирате.

Потребни квалификации:

  • Високо образование (предност имаат кандидатите што имаат завршено новинарски, комуниколошки, јазични студии и книжевност или се при крај со студиите)
  • Одлично познавање на англиски и српски јазик (напредно ниво)
  • Способност за креативно изразување на македонски литературен јазик
  • Широк спектар на интереси и подготвеност за пишување на секакви теми од застапените области на Кафе пауза
  • Остро око за детали и способност за воочување пропусти во пишувањето (фактографски, правописни, јазични), како и визуелни и технички недоследности
  • Искуство во уредување содржини на веб-сајт: обработка на фотографии, уредување на текст (предност)
  • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
  • Спремност за 25-35 работни часа неделно (од дома) за период од една година (хонорарно, со можност за продолжување на договорот)
  • Брзина, навременост, точност и способност за добро планирање на работниот ден
  • Исполнителност, посветеност, иницијативност и одговорност

Работни обврски:

  • Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори како и секојдневна координација со останатите членови на тимот
  • Самостојна работа, што покрај креативно пишување и адаптација на превод, вклучува: проверка на факти, почитување на правописните правила, обработка на фотографии и веб-уредување
  • Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката
  • Преземање одговорност за објавените содржини и справување со евентуалните пропусти и забелешки од страна на публиката
  • Останати сродни активности во склоп на работното место

Доколку се пронаоѓате во напишаното, испратете ни ги вашето резиме, писмо за мотивација и два ваши текстови на admin[at]kafepauza.mk со назнака Aplikacija za novinar-urednik во полето за предмет на пораката.

По изборот на кандидати во потесен круг, ќе следува тестирање и интервју.

Напомена: Работното место не е соодветно за апликанти кои имаат вработување со полно работно време на друго место.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »