За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »Биди дел од нашиот тим
позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ
локација: Скопје активен до: 02/10/2022
Нептун Македонија е во потрага по Сметководител кој ќе биде задолжен за прибирање и обработка на податоци врз основа на сметководствени документи, подготовка и водeње трговски/деловни книги и финансиски извештаи, контролирање на целокупната влезно-излезна документација почитувајќи ги законските прописи врзани за сметководството. Правилно и ажурно книжење на добиената документација, проверка на аналитички картички. Усогласување на книговодствената документација, како и усогласување на материјалното книговодство со финансиското.
Целта е да се придонесе за целокупното ефикасно работење на одделот, а со тоа и остварување долгорочен успех на компанијата преку носење правилни одлуки.
Потребни квалификации:
-
ВСС, Економски факултет
-
Минимум 2 години искуство во сметководство
-
Добро познавање на меѓународните сметководствени стандарди и на македонската сметководствена регулатива
-
Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен) и MS Office програмите
-
Високо ниво на одговорност, способност за запазување детали и организираност
-
Позитивен став и тимска ориентација
Доколку си вешт со бројки и внимаваш на детали, а сметководството е твоја определба, те покануваме да аплицираш и да станеш дел од нашиот успешен професионален тим!
ДОЗВОЛИ ТВОЈОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА БИДЕ ПРЕПОЗНАЕН!
Нашата компанија нуди:
-
Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
-
Работа со тим на професионалци
-
Можност за развој и напредување
-
Работно време: понеделник-петок; 08:00 – 16:00часот
Слични огласи »