КНИГОВОДИТЕЛ

  • Објавен на 10.2017
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 30.10.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155

Mozzart на пазарот на игри на среќа работи од 2001 година и како таква е една од водечките компании во регионот на Источна Европа. Нашата основна дејност е приредување на игри на среќа во обложувалница, а нашиот најголем капитал се луѓето. Во овој момент, компанија Mozzart има околу 4000 работници и околу 800 подружници во регионот.  Во Македонија работи од 2008 година, има околу 300 вработени и има 84 подружници.

 

За работа на територијата на Град Скопје, потребен e:

 

                 КНИГОВОДИТЕЛ

 

Основни должности:

  • Евиденција на влезни фактури во деловодник,
  • Достава на барања за издавање на даночни уверенија, прекнижувања и усогласувања,
  • Книжење на влезни фактури,
  • Книжење на девизни фактури и корекција на данок,
  • Контрола на картиците со добавувачи и купувачи,
  • Книжење книжни одобренија и задолжувања,
  • Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер,
  • Книжење на изводи денарски и девизни,
  • Книжење на трансакции и контрола на книжењата во главна книга,
  • Следење на законските рокови за припрема на плата и достава на Извештаи до државни органи,
  • Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe,
  • Пресметка на закупи и под закупи,
  • Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.,
  • Проверка на трошоците на Друштвото,
  • Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација,
  • Составување и достава на даночна пријава до државни органи,
  • Следење на законските прописи и примена на истите, 
  • Контролирање на состојбата на роба по уплатни места-пописи.

                                                                    

Услови:

  • Минимум средно образование или Висока стручна спрема-економска насокa,
  • Најмалку 3 годишно работно искуство,
  • Одлично познавање на работа на компјутер и MS Office пакетот,
  • Познавање на англиски и српски јазик,
  • Способност за организирање и планирање,
  • Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуниклација (писмени и усмени),
  • Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа.

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 30.10.2017 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »