Возач со Ц категорија

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Зегин ДОО Скопје
  • Активен до 25.06.2021
  • Позиција: Возач/управувач
  • Локација: Скопје

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:

ВОЗАЧ со Ц категорија

Работни должности и одговорности:

  • Управување на камион, на кратки и долги релации
  • Доставање на роба до продавниците на Друштвото, до главниот магацин и до коминтенти
  • Контролирање и распоредување на робата за достава во возилото
  • Утовар и истовар на робата од/во возилото
  • Следење на сообраќајни правила и сигнали
  • Почитување на сообраќајната етика
  • Проверка на системите за кочење, греење, осветлување, сигнализирање и друга опрема на возилото пред да биде пуштено во сообраќај
  • Водење на евиденција за патувањата
  • Вршење на сродни задачи

Степен и вид на образование:              ССС       

Раб.искуство во струката:                   минимум 2 години

Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети:

  • Прецизност, Ориентираност кон резултати, Иницијативност, тимско работење
  • Техничко-механичко познавање на возилото
  • Возачка дозвола – Ц категорија

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Возач со Ц категорија на [email protected]. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.