Асистент за продажба

За компанијата: Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година. повеќе за компанијата »

Биди дел од продажниот тим на Прима Оптика. Бараниот профил се амбициозни кандидати со возраст над 30 години, со искуство во малопродажба, работа со каса и директна комуникација со купувачи, кои би сакале да се надградуваат и да заработат атрактивен финансиски пакет.

Работното време е 40 часа неделно, работа во смени во 5 до 6 работни денови и по потреба работа за време на викенди и празници за кои следува дополнителен финансиски надоместок. Почетната плата е 20.000 ден, со можност за брза надоградба во зависност од перфомансата на кандидатот.

За одбраните кандидати следува платена почетна обука.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За асистент за продажба) на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »