Сметководител

Поради зголемениот интензитет на активности и потребите на секојдневното оперативно-административно работење, ЈАКА НОВА го проширува својот тим за Финансии и отвара нова работна позиција Сметководител со доленаведените спецификации.

Базични информации

  • Времетраење на договорот: неопределено
  • Работно време: 8 часа/дневно (5 дена во неделата; Понеделник до петок)

Потребни квалификации

  • Високо образование-Економски факултет
  • Поседување на лиценца за сметководител
  • Претходно работно искуство на иста позиција од минимум две години
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office)
  • Познавање на англиски јазик
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Претходно работно искуство во производство посебно во фармацевска индустрија ќе се смета за предност.
  • Познавање на сметководствениот софтвер CFМA ќе се смета за предност

Работни задачи

  • Комплетно водење на сметководственото работење
  • Книжење на финансиската и материјална документација
  • Учество во изготвување на завршни годишни сметки и консолидација
  • Пресметка на ДДВ
  • Пресметка на плати
  • Плаќање на налози
  • Разновидни се опфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
  • Подготовка на финансиски извештаи
  • Уредно водење на документацијата во согласност со имплементираните стандардите за квалитет  во компанијата
  • Комуникација со сите релевантни државни институции
  • Извршување на редовни административни активности во доменот на финансии

  Способности и професионални вештини:

  • Одлични организациски и комуникациски способности
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Систематичен пристап при работењето, ориентација кон детаљи
  • Поседување на висок интегритет и лојалност
  • Иницијативност, посветеност и амбициозност
  • Почитување и примена на пропишаните процедури  и интерни акти на компанијата
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија (CV)
  • Мотивационо писмо

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »