(преземи го огласот во Word)
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
- Отворена работна позиција -
ЦСИ КОНСАЛТИНГ СЕРВИСИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ е компанија кај датира од 2015 година и во која може да се обезбедат економски и правни потреби.
Нашата цел е понудиме стручност во полето на сметководствени, финансиски и правни услуги се со цел нашите клиенти да ги исполнат законските обврски,одговорности и потреби обезбедувајќи детален приказ на резултатите кои секојдневно ги остваруваат.
На своите клиенти и деловни соработници им се обезбедува и гарантира висококвалитетна услуга, професионална доверба и дискреција како и контролирање, отстранување или намалување на економски ризици кој негативно би влијаеле на развојот на нивниот бизнис.
Согласно зголемениот обем на работа и потребите на секојдневното работење, ЦСИ КОНСАЛТИНГ СЕРВИСИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ го проширува својот тим за Финансии и отвара нова работна позиција ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ.
Базични информации
- Времетраење на договорот: 6 месеци (со можност за продолжување)
- Официјален старт на работната позиција: (по договор во најбрз можен рок)
- Работно време: 8 часа/дневно (5 дена во неделата; Понеделник до петок)
Потребни квалификации
- Завршено високо образование (Економски Факултет)
- Линценца за сметководител издадена од Институт за сметководители и овластени сметководители
- Минимум 1 години работно искуство во сектор сметководство
- Претходно работно искуство со ЗОНЕЛ/ПАНТЕОН ќе се смета за предност
- Напредно познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери
- Добро познавање на англиски јазик
- Способност за справување со повеќе приоритетни активности
- Внимание на детали и структуиран начин на размислување
- Самоиницијативност и способност за работење без постојан надзор
- Експедитивност, трудољубивост, точност, работа со рокови
Работни задачи
- Евиденција и обработка книжење н финансико-материјални документи
- Подготвување и реализирање на ДДВ пријави
- Подготовка и пресметка на плати
- Координација со надворешни финансиски институции
- Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
- Изработка на финансиски извештаи
- Составување и изготвување на завршни пресметки
- Следење и имплементирање на измени согласно законската регулатива
- Примање на влезни и излезни фактури и нивна евиденција
- Подготовка на статистички извештаи
- Работа со благајна
- Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот
Потребна документација за аплицирање:
- Ваша професионална биографија (CV на македонски јазик)
Финален временски рок за поднесување на апликацијата