Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работат во мултидисциплинарна и мултинационална работна средина за пополнување на позицијата:
Помошник во машинска група
Задачи и одговорности
- Врши утовар и истовар на цевки, материјал и алат за санација на дефект;
- Врши припремни работи на материјалот за заварување;
- Ги контролира алатите,опремата и агрегатите дали се спремни за работа;
- Ја средува, чисти и одржува опремата за работа по завршената санација на дефект;
- Им помага на заварувачот и работоводителот при машинската санација на дефекти;
- Извршува и друг вид работни задачи согласно своите квалификации и вештини по налог на Работоводителот, Одговорниот инженер и Раководителот;
- Обврзан е да ги запазува пропишаните мерки за заштита при работа и ППЗ;
- Обврзан е да ја спроведува личната работна и технолошка дисциплина;
- По налог на претпоставениот врши и други работи во рамките на својата стручна квалификикација;
- Врши активности на грејни инсталации кои се поврзани на системот за централно греење со кој управува Друштвото исклучиво во работно време со претходно одобрување од страна на претпоставениот или налог од Диспечерскиот центар;
- Овозможува пристап на надворешни лица кон грејните инсталации кои се поврзани на системот за централно греење со кој управува Друштвото исклучиво со писмен налог од претпоставениот или налог од Диспечерскиот центар;
- Управува службено моторно возило согласно прописите и процедурите на Друштвото;
Критериуми за избор
- Степен на образование 4/3-ССС/ССЗ-машинска струка/бравар заварувач
- Вработување на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време
- Со работно искуство минимум 2 години
- Возачка дозвола “Б” категорија
- Работно време 40 часови неделно
- Работникот ќе работи во две смени
- Основна нето плата – 21.800 денари
Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:
Електронски:
Message to: [најави се за да го видиш е-маилот]
Subject: Пријава: Помошник во машинска група
По пошта:
Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,
Ул. „Лондонска“ бр. 8 , 1000 Скопје
Пријава: Помошник во машинска група
Рокот за пријавување е 4 дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45 дена, до 500 - 90 дена и над 500 - 120 дена, по изминување на рокот за пријава. Сите пријави кои ќе пристигнат по наведениот рок нема да бидат земени во предвид. Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514-026.
Слични огласи »