
Веќе 25 години работиме со ентузијазам и посветено во дејноста увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка. За да обезбедиме малку подобра услуга секој ден, потребни ни се АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА за Скопски реон
Од тебе се очекува:
- Да имаш енергија и желба да ги задоволиш барањата на нашите клиенти,
- Да ги запознаеш, со насмевка и достоинство да им служиш на нашите клиенти,
- Да одвоиш доволно време да ги слушаш и да им помогнеш на нашите клиенти,
- Да донесуваш одлуки кои се во интерес за нашите клиенти,
- Да имаш страст и познавање за нашите производи и услуги,
- Да бидеш позитивен, иновативен и со непрекината желба за учење,
- Да разговараш и да споделуваш идеи за тоа како да се унапреди нашето работење,
- Да го споделуваш нашиот ентузијазам и да помагаш да се одржува тимскиот дух,
- Да бидеш отворен за промени и да бидеш способен да дејствуваш брзо,
Не е неопходно да имаш искуство - потребна е само вистинска верба, страст и посветеност за да успееш да направиш позитивна разлика што клиентите ќе ја чувствуваат секој ден.
Се радуваме на можноста да го прошириме нашиот тим со некој како тебе
Те охрабруваме да ни пратиш Кратка биографија со слика и мотивациско писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]
Некомплетните апликации нема да бидат разгледани!
Ќе бидат контактирани само апликантите кои ќе влезат во потесниот избор.
Изборот ќе се направи во рок од 15 дена од датумот на објавување.
Слични огласи »