Центарот за граѓански комуникации објавува оглас за ангажирање на програмски асистент во организацијата.
Потребни квалификации:
» Искуство во IT област;
» Одлично познавање на data scraping и data processing;
» Визуелизација на податоци и користење на алатки за визуелизација;
» Познавање од бази на податоци;
» Одржување (дополнување, промени и надградба) на веќе постоечки веб сајтови изработен во Wordpress и Joomla и одржување на сајт со имплементирана Open Data функционалност;
» Познавање на хардверски компоненти и мрежни системи;
» Одлично познавање на MS Office;
» Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.
Ќе се смета за предност IT образование, работно искуство во граѓанскиот сектор, истражувања или визуелизација на податоци.
Работното место е на неопределено време, но со пробен период од три месеци, бруто платата е 700 евра.
Биографиите и портфолија (за докажување на претходното искуство) да се испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] . Рок за пријавување: 20.04.2019 година.
Само кандидатите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.