Бараме маркетинг менаџер за брендот Cunga Lunga.
Примарни одговорности:
- Одговорен за дизајн, планирање и спроведување на годишен маркетинг план;
- Администрирање на буџетот наменет за маркетинг;
- Одговорен за креирање и спроведување на маркетинг материјали како; дизајнирање на брошури, флаери, постери, итн...;
- Прави анализа на пазарот и презема активности со цел да го промовира бизнисот;
- Одговорен е за целокупниот бренд, а истотака организира настани спонзорирани од страна на Макпромет АД (одговорен е за дизајнот, изгледот и организацијата на овие настани);
- Одговорен е за содржината на информациите во маркетинг материјалите, како и конзистентноста во овие материјали;
- Одговорен е за организација и управување на маркетинг материјали како и дистрибуција на истите до сите агенти;
- Одговорен е за организирање на настани и кампањи;
- Управува со активностите на социјалните мрежи;
- Управува со електронски и печатени маркетинг медиуми;
- Прави анализа на креативните решенија, предложува измени и подобрување на предлозите;
- Прави анализа на резултатите од маркетинг кампањите;
- Го анализира пазарот со цел идентификување на потреби и таргет групи;
- Води контакт листа на клиенти и ги информира за новите услови или за новите настани организирани од страна на Макпромет;
- Обезбедува навремено нарачување на промотивни материјали како што се брошури, реклами, итн...;
- Организира маркетинг кампањи кои се појавуваат редовно на телевизиите, радијата и весниците;
- Управува со канцелариското работење;
- Координација на маркетинг активности на компанијата;
- Организирање на состаноци;
- Подготовка на извештаи;
- Следење на нови трендови и практики на маркетингот и дообновување;
- Ги почитува документираните процедури од воведените меѓународни стандарди;
- Учествува во развој на нов производ;
- Подготвува маркетиншки проекти и ги поврзува внатрешните и надворешните соработници при нивната реализација;
- Подготвува, спроведува, следи промоции, комуникации и активности за корпоративна oпштествена одговорност;
- Развива и ажурира база на контакти, врши евиденција на продажни активности;
- Помага во развој и имплементација на стратешки продажни планови;
- Го следи процесот на дистрибуција на маркетиншките материјали и предлага измени;
За спроведување на горенаведените активности ги очекуваме следните квалификации:
- Валидна возачка дозвола, Б категорија;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Одлично познавање на Англиски јазик;
- Основно познавање на Photoshop/Illustrator.
За да аплицирате пратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] благовремено ќе ве известиме дали ќе бидете поканети на интервју.