БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ТЕТОВО

Активни огласи од Силк Роуд Банка АД Скопје:

РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗМАМА И ДНЕВНО РАБОТЕЊЕ

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување
банкарски службеник во Силк Роуд Банка АД Скопје

ЕКСПОЗИТУРА ТЕТОВО

 

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ТЕТОВО, Служба за мрежа на експозитури.   

  • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
  • Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома
  • Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на локалниот пазар
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Добри организациски и комуникациски вештини
  • Можност за самостојна работа
  • Флексибилност

 

  • Дел од работните задачи на банкарски службеник во Служба за мрежа на експозитури се следните:
  • Ги исполнува таргетите за пораст/продажба на портфолиото;
  • Ефикасно го врши сето готовинско и безготовинско работење;
  • Го следи трезорот на експозитурата за да се осигура дека готовинскиот биланс е точен;
  • Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација;
  • Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;
  • Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи на банката кои ќе ги исполнат нивните барања;
  • Ги промовира производите и услугите на банката на постоечките и потенцијалните клиенти со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на експозитурата;
  • Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување и на нови производи;
  • Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката;
  • Врши вкрстена продажба на банкарските производи.

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Тетовонајдоцна до 25.09.2022 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »