- Објавен на 8.2017
- EKO-ГРУП
- Активен до 10.08.2017
- Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
- Локација: Скопје
Опис на работното место и одговорности:
- Води материјално и финансиско сметководство според двојниот систем и тоа: Главна книга, дневник и аналитичка евиденција
- Одлучува во однос на сметководствените политики во друштвото и нивна примена
- Се грижи за чување и заштита на сметководствените книги и е задолжен нив да ги презентира на барање на некој државен орган или институција како и на барање на Раководните органи на друштвото
- Врши прием и контрола на сметководстевна документација пред да биде книжена согласно закон и актите на друштвото
- Контрола на обработка на девизни сметки и девизни плаќања, увози, набавни калкулации и сл.
- Пресметка на ДДВ и данок на добивка, пополнување, потпишување и поднесување на даночни пријави и сите други обрасци за даночни цели
- Контрола на благајнички дневник
- Подготовка, потпишување и поднесување на завршна сметка
- Подготовка на статистички извештаи
- Подготовка на периодични финансиски извештаи (БУ, ББ и готовински тек)
- Даночни и финансиски консултации и совети за генералниот менаџмент
- Одлично познавање на MS OFFICE пакет, интернет, e-mail комуникација
Потребни професионални квалификации и функционални вештини:
Професионално квалификуван Сметководител:
- Високо образование од Економски Факултет (ќе се смета за предност)
- Поседување уверение за овластен сметководител од Институтот за Сметководители и Овластени Сметководители заверено во Регистарот на сметководители РМ
- Одлично разбирање на сметководствени правила и политики, вклучително МСФИ и МСС
- Активно познавање на Англиски Јазик
- Познавање на работа со сметководствена програма
- Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работењето
- Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност
Вашата професионална биографија (CV) може да се испрати на [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Слични огласи »