Постар истражувач

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Агенција Рејтинг го проширува својот истражувачки тим

За позиција: Постар истражувач   ( Senior researcher)

Агенција Рејтинг вработува „Постар истражувач“ којшто ќе му се придружи на нашиот истражувачки тим и ќе биде дел од процесот на севкупното планирање, координација и имплементација на истражувачки проекти. Нашата компанија веќе 15 години активно работи на истражувања на јавно мислење: социо-економски истражувања, истражувања на пазарот, политички истражувања, психо-социјални истражувања, деск истражувања итн.

Позицијата дозволува голем напредок во компанијата и можност да се соработува со врвни клиенти и експерти од областа.

Организациони одговорности

  • Дизајнирање на понуди и бизнис развој
  • Дефинирање на буџети за проекти и менаџирање со финансии
  • Координација на работата, организирање и имплементирано проектно планирање
  • Менторство, поддршка и развој на колегите во тимот
  • Соработка со менаџерите и координаторите
  • Координација со колегите за развивање на стратегии и план за работа на проекти

Опис на задачи кои произлегуваат од работа на проекти ( квантитативни и квалитативни)

  • Планирање фази на проект
  • Дизајн на примероци
  • Дизајн на прашалник и други истражувачки инструменти
  • Ревидирање на истражувачка методологија
  • Комуникација и репортирање во сите фази од проектот со клиенти
  • Обработка на податоци од истражување
  • Анализа и пишување на наративни извештаи со препораки и заклучоци за клиентите

Посакувани вештини и квалификации:

  • Универзитетска диплома од областа на општествените науки. Магистратура или докторат ќе се сметаат за предност
  • Докажано искуство на истражувачко поле ( кандидатот во своето CV да наведе работа и одговорности на минимум 10 поголеми истражувачки проекти на англиски и/или македонски јазик)
  • Минимум 5 години работно искуство
  • Одлично познавање на квалитативни и квантитативни методи на истражување
  • Одлично познавање и работа со SPSS софтверот
  • Одлично познавање на Microsoft Office (Excel, Power Point, Word)
  • Задолжително познавање и работење на англиски јазик
  • Одлични аналитички вештини и око за детали
  • Подготвеност да се работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови, во динамична работна средина
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа
  • Одлични комуникациски вештини

  Заинтересираните кандидати да испратат резиме на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »