СПЕЦИЈАЛИСТ за ПРОЕКТ МЕНАЏМЕНТ (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За потребите на одделот Високoнапонски постројки, Група Проект менаџмент, бараме:

 

СПЕЦИЈАЛИСТ за ПРОЕКТ МЕНАЏМЕНТ (М/Ж)
 
 

Работни задачи и активности:

  •  Реализација на инвестициони  проекти и проекти за одржување - управување со изградба на 110 и 35 kV водови  и 110 /xx и 35/xx kV трафостаници-проектен менаџмент,
  • Реализирање на проекти по барање на потрошувачи (опремување на ќелии во трафостаници  на ЕВН, опремување на блок ќелии во трафостаница  на потрошувач, дислокација и/или каблирање на 35 kV мрежа),
  • Подготовка на концепти, технички и тендерски спецификации, учество на тендери, рамковни договори,
  • Координирање на тимот за примарна техника, како и тимот за релејна заштита во насока на реализација на проектите.

 
Потребни квалификации и лични карактеристики:

  • Електро-технички факултет - Енергетика, 
  • Познавање и користење на MS Office, 
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност, 
  • Возачка дозвола, 
  • Одговорност, флексибилност и тимска работа.

 
Компетенции:

  • Насоченост кон резултати, 
  • Висока организираност, 
  • Способност за менаџирање на повеќе проекти истовремено, 
  • Способност за работа во рокови.

 
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на  [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 30.03.2018.
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
 
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »