ИНТРАКОМ ДООЕЛ Скопје, подружница на ИНТРАКОМ ТЕЛЕКОМ Грција, функционира како фирма интегратор од 2002 година, обезбедувајќи решенија и услуги во областа на телекомуникациите и градежно/електромехнички работи.
ОГЛАС
ЗА РАБОТНО МЕСТО
1 (еден) дипломиран телеком инженер
Неопходни квалификации:
- Високо образование факултет за електортехника и информациски технологии
- Работно искуство во инсталација, пуштање во работа, одржување и детекција на грешки на комуникациска мрежна опрема (радио линкови, базни станици, радио-мониторинг опрема) итн.
- Работно искуство во изведба на комплетни оптички инсталации, мрежи (backbone, FTTH)
- Работно искуство во водење на проекти од горенаведените области
- Познавање и работа со native TDM и native Ethernet радио линкови
- Одлично на англиски јазик (пишуван и говорен јазик)
- Работа со компјутери и задолжително познавање на MS Office, Windows
- Задолжително познавање на компјутерски мрежи
- Познавања на CISCO опрема (конфигурација, сетирање, отстранување на грешки) ќе се смета за предност
- Поседување возачка дозвола Б категорија
- Висок ниво на комуникациски способности, флексибилност и тимска работа во текот на извршување на работните задачи
Опис на работните задачи:
- Учество во инсталација, пуштање во работа, детекција на грешки и одржување на комуникациска мрежна опрема (радио линкови, базни станици и сл.)
- Учество во планирање, изведба и предавање на клиент на работи од областа на оптичкото поврзување (примарна и секундарна оптичка мрежа и сл.)
- Организација на тековни работни активности на вработени техничари и изведувачи за имплементација на тековни проекти од телекомуникации
- Посета на локации за имплементација на проекти од телекомуникации
- Одржување на микробранови линкови и друга слична опрема
- Работа со менаџмент системот на радио мрежа
- Интервенција во случај на дефекти
- Изготвување на потребни и задолжителни документи
Потребни документи:
- Професионална биографија /СV,
- Важечка Диплома во Р.Македонија за завршен факултет за електортехника и информациски технологии,
- Поседување на CISCO сертификат ќе се смета за предност
Потребните документи да се испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] до денот на важност на овој оглас
Слични огласи »