КОНТРОЛОРИ ЗА КВАЛИТЕТ

  • Објавен на 8.2022
  • Wabtec MZT
  • Активен до 31.08.2022
  • Позиција: Електро-машински техничар/Техничар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Квалитет има потреба од:

КОНТРОЛОРИ ЗА КВАЛИТЕТ

За позицијата:

Спроведува активности на влезна, меѓу фазна и завршна контрола на материјали, делови, склопови и производи.

 

Главни одговорности:

  • Контролата на квалитет ја врши според прописите од техничката документација и од плановите за контрола. При тоа користи стандардни и специјални мерни , контролни и испитни средства , дефинирани во документацијата и се грижи за нивната исправност.
  • Контролата ја врши во текот на изработка на серијата или по нејзиното завршување, на своето работно место или по принципот на “пилот контрола”.
  • По извршената контрола ,  деловите ги класифицира на добри, лоши и делови за доработка-поправка. Деловите за доработка ги означува со “ Пропратна карта за доработка-поправка”, шкарт- деловите ги става во посебно означен простор.
  • Секојдневно прави записи за примената или одбиената количина на материјали ,  делови и производи и го предава на претпоставениот.
  • Врши контрола  на позиции од магацинот за полупроизводи и магацинот за готова стока, пред  нивната  испорака на купувачите, при тоа водејќи сметка и за начинот на пакување.
  • Навремено информира за потреба од  интерно или екстерно баждарење на мерниот и контролниот алат.

Потребни квалификации:

Машински инженер, машински техничар или сродно образование од техничка струка.

Познавање на работа со мерни инструменти (шублер, висиномер, СММ).

Предност -  Работно искуство во контрола на квалитет, познавање на Англиски јазик

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Контакт телефон за повеќе информации: 02/2581-362

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »