МЕНАЏЕР ЗА НАДВОРЕШНО РАБОТЕЊЕ

  • Објавен пред 9 месеци
  • ИНТЕРСОФТ ЛТД
  • Активен до 23.02.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Цела Македонија

(преземи го огласот во Word)

Интерсофт ЛТД Скопје е градежна компанија која постојано вложува во унапредување на персоналот. Поради проширување на дејноста на нови пазари имаме потреба од вработување на Менаџер за надворешно работење.

Главни задачи и одговорности:

  • Проучување на нови пазари, анализирање на деловните услови за настап
  • Изготвување на предлози за инвестициски потфати врз основа на сознанија за економската и правна регулатива од нашата дејност,
  • Активно барање на нови деловни можности, клиенти
  • Организирање и спроведување на телефонски повици и средби, воспоставување на контакти, одржување и развој на постојни клиенти и јакнење на соработката со нив
  • Подготовка на деловни понуди и презентации
  • Изработка на периодични извештаи
  • Водење и опслужување на клиентите и координирање на нивните активности
  • Административни одговорности

Потребни квалификации:

  • Подготвеност за активен настап во трговија, преговори и продажби
  • Подготвеност за деловни патувања во странство
  • Високи комуникациски cпособности и презентациски вештини  
  • Желба за развој и градење на успешна кариера
  • Високо образование
  • Активно познавање (користење) на  германски јазик
  • Одлични вештини за работа со компјутер и интернет
  • Способност за тимска работа, по потреба со кратки рокови
  • Организираност и одговорност
  • Проактивност и ориентација кон постигнување на високи резултати
  • Возачка дозвола Б категорија со возачко искуство

Работно искуство ќе се смета за предност.

Ние ви нудиме:

  • Работа во динамична и развојна средина со компактен тим
  • Можност за развивање и континуирано персонално усовршување 
  • Можност за дефинирање на стимулативна шема на приходи

Доколку оваа позиција претставува интерес за Вас и сметате дека одговарате на наведените барања испратете го своето CV и актуелна фотографија на следнава email адреса: intersoftskopje@gmail.com 

КЛИКНИ