Здружение ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС Скопје лого

Оглас за договорен ангажман на определено време на проектот „Мој правен совет“

Со цел успешна имплементација на проектот „Мој правен совет“ – финансиран од Европска фондација за демократија (European endowment for democracy) Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС Скопје објавува повик за ангажирање на проектен менаџер.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Универзитетска диплома во областа на правни науки, политички науки, човекови права, бизнис или менаџмент
  • Најмалку 2 години искуство во работа на проекти
  • Солидно познавање на сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери
  • Одлични вештини во комуникација со избрани и именувани лица
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите и посветеност кон организациските цели и целите на проектот
  • Претходно работно искуство во локална самоуправа и работа со административни процедури ќе се смета за предност, како и претходно работно искуство со проекти

Менаџерот на проектот ќе треба да ги извршува следниве задачи:

  • Соработка со различни целни групи: организации и институции од локалната самоуправа, организации, етнички заедници и слично
  • Менаџирање на задачите при ангажирање на експерти за потребите на проектот
  • Менаџирање на организацијата на средби и настани и активно вклучување во истите
  • Редовно известување и информирање за работата пред донаторот на проекот, како и здружението
  • Промоција на проектот и проектните цели

 

Работниот ангажман за наведената позициja ќе биде на определено време, почнувајќи од јануари 2020 г. до 31 октомври 2020г. За својот ангажман ангажираното лице ќе добие соодветен надомест според буџетираните средства во проектот.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат на македонски јазик на   [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: Апликација за проектен менаџер најдоцна до петок, 10 јануари 2020г. до 23:59ч. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »