Магационер

  • Објавен на 4.2019
  • Gudmark Group
  • Активен до 18.04.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Гудмарк Гроуп Дооел Скопје е водечки производител и дистрибутер на декоративни и индустриски премази. Во потрага сме по посветен кандидат кој ќе биде дел од нашиот тим и ќе придонесе во нашиот понатамошен развој. Распишуваме оглас за следнава работна позиција:

 

Магационер

Локација: Скопје, с. Марино

 

Oдговорности и задачи:

  • Комисионира, односно одвојува готови производи за купувачи;
  • Да врши прием и складирање на готови производи квантитативно и квалитативно и да се грижи за начинот на складирање;
  • Да води сметка за роковите на складираната роба;
  • Да ги изработува требувањата и да прави испратници;
  • Води евиденција за состојба на влезни и излезни материјали, да ја складира и чува документацијата;
  • Да соработува усмено и писмено со колегите од набавка,
  • Програмски ги обработува документите (интерни и екстерни испратници, приемници и повратници) и ја складира документацијата;
  • Одговорен за квалитативна и квантитативна завршна контрола на готови производи и трговска роба пред испорака;
  • Најмалку еднаш годишно учествува во пописна комисија и во попис;
  • Ракува со електричен вилушкар (високопалетен и палетен) во магацин и ја одржува хигиената на своето работно место;
  • По потреба лепи декларации на производи за испорака до купувачи;
  • Како и други работни задачи опишани со акт на работодавачот и писмени и усмени наредби.

 

Потребни квалификации:

  • Степен на стручна спрема: ССС;
  • Работно искуство 2 години

 

Од кандидатот очекуваме:

  • Способност за работа во тим.
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална комуникација   

 

Сите заинтересирани кандидати можат да испратат свое резиме на  ana.lukic@gudmarkgroup.com 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влазат во потесен избор.

Конкурсот е активен до 17.04.2019 година

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »