Оператор во магацин за готов производ (комораш) - Битола

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »

ЦЕРМАТ доо Битола како водечка компанија во државата со повеќе од 25 години искуство во областа на производството и продажбата на сладолед и дополнителен замрзнат асортиман, и богато портфолио на производи и брендови Ви нуди вистински предизвик.  

Доколку си во потрага по работна позиција исполнета со комуникација, продажни предизвици и работни задачи, а воедно сакаш личен и кариерен развој, пријави се на една од следните отворени работни позиции:

ОПЕРАТОР ЗА МАНИПУЛАЦИЈА ВО ГОТОВ ПРОИЗВОД (КОМОРАШ)

ШТО Е ТОА ШТО ГО БАРАМЕ?  

• Минимум ССС;  

• Минимум 18 години;

• Организираност и прецизност во работењето;  

• Посветеност во работењето;

• Редовно и навремено присуство на работно место;

• Способност за ориентација и работа со преносен рачен компјутер (хенд);  

ШТО Е ТОА ШТО ГО НУДИМЕ:  

• Професионален кариерен развој;  

• Неопходни средства за работа (Заштитна ХТЗ опрема за работа на ниски температури);  

· Пријатна и динамична работна атмосфера;  

• Почетна обука.

КРАТОК ОПИС НА ОСНОВНИТЕ ОДГОВОРНОСТИ:  

• Превземање на претходно подготвени нарачки со преносен рачен компјутер (хенд);

• Извршување на налози за прием и излез на палети со роба од локација;

• Двосменско работно време од 8 работни часови;

• Одржување на хигиена на средствата за работа;

• Дневна координација со тимот од магацин за готов производ.

• Транспорт на роба низ магацин за готов производ со рачен електричен вилушкар (EXU-SF20).

 

КАКО ДА СЕ АПЛИЦИРА: Кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во огласот треба да аплицираат со испраќање на CV (со фотографија и контакт информации – контакт телефон и е-маил адреса), на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 10.06.2022 година, со наведено за која позиција се однесува апликацијата. Со праќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година. Кандидатите кои ќе ги исполнат наведенети услови ќе бидат контактирани за текот на понатамошната постапка во рок од 15 до 30 дена. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »