
За компанијата: TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании со 40 годишна традиција, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата...
повеќе за компанијата »- Објавен пред еден месец
- Толлакс
- Активен до 24.02.2025
- Позиција: Менаџер/Директор
- Локација: Скопје
- Веб: tollaks.mk
- Facebook: линк
- Instagram: m1kiosk
(преземи го огласот како слика)

Работни задачи и обврски:
- Планирање,организација и контрола на целокупното работење на 16 малопродажни објекти,
- Контрола на изложеноста ( позиционирање) на производите,
- Контрола за успешно спроведување на акции на одредени артикли,
- Градење тим од Супервозори кои ќе бидат непосредно одговорни за своите продажни места,
- Организација и следење на продажбата по објекти,
- Грижа за сопствените брендови,
- Планирање на залихи и дополна за продажните места,
- Организирање и редовно спроведување на пописи во Продажните места,
- Изработка, развој и контрола на примена на работни процедури и упатства за работа,
- Анализа на пазарот и трендовите во малопродажба,
- Изработка на маркетинг стратегија и следење на спроведувањето на плановите за маркетинг и промотивни активности,
- Континуирана анализа на работењето и изготвување извештаи за остварување на целите и плановите за работа,
- Секојдневна комуникација и поддршка на вработените,
- Активно учество во проектирање на објектите и избор на опрема,
- Контрола на процесот на реновирање и изградба на објектите и ставање во функција,
- Стратегија и оперативни планови за продажба на FMCG
- Преговори со добавувачи за FMCG и одржување на редовна комуникација,
- Одредување на услови за продажба и цени на мало за FMCG и следење на активности и цени на конкуренцијата,
- Надзорни активности поврзани со спроведување на организациските политики на компанијата и примена на важечките закони и подзаконски акти,
- Следење на потребите на потрошувачите и решавање на поплаки од купувачи
Потребни квалификации:
- Задолжително искуство од минимум 3 години во менаџирање на малопродажба,
- Искусуство во категорија на алкохол и алкохолни пијалаци ќе се смета за предност,
- Минимум ССС образование,
- Возачка дозвола Б категорија,
- Силни комуникациски вештини, самоорганизираност, дисциплинираност, проактивност и способност за тимска работа,
- Ориентираност кон продажни резултати,
- Познавање на англиски јазик,
Доколку сакаш да бидеш дел од нашата успешна приказна која трае 40 години, и да го надополниш тимот со своето искуство и познавања, аплицирај преку полето Брза апликација, или својата работна биографија прати ја на следната маил адреса:
[најави се за да го видиш е-маилот]
Ве очекуваме !
Слични огласи »