Маркетинг менаџер

За компанијата: Термо Систем дооел од Скопје, работи со продажба на опрема за греење, соларни системи, водовод и климатизација. повеќе за компанијата »

ТЕРМО СИСТЕМ Дооел е формирана во 2003 год. во Скопје како фирма чија главна дејност е  трговија, увоз, инженеринг и изведбата на инсталации во областа на греење, климатизација соларни системи и водовод.

Ние сме секогаш отворени за соработка со млади, стручни и амбициозни луѓе со цел – остварување на заедничките интереси.

МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР

Позицијата вклучува:

  • Развивање на маркетинг стратегија во согласност со целите на компанијата
  • Одредување и следење на маркетинг буџет и активности преку разни маркетинг канали
  • Одговорност за бренд менаџмент и репутација на компанијата
  • Координација со надворешни маркетинг агенции и предлози за нови производи на пазарот
  • Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн кампањи
  • Следење на конкуренцијата и постојано подобрување на маркетинг техниките
  • Следење стапки на конверзија и мерење на перформансите
  • Анализа на потенцијални стратегиски партнери за маркетинг целите на компанијата

 Профил на кандидат:

  • Релевантно менаџерско искуство од областа на маркетинг
  • Стручно познавање од областа на Дигитален маркетинг ќе се смета за предност
  • Вештини за менаџирање со време и мултитаскинг
  • Креативен ум со способност за давање на сугестии за постојани подобрувања
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Стручно познавање на Microsoft Office Suite

Повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата Маркетинг менаџер.

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон корисниците.

  • Плата соодветна на претходното работно искуство.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »