Дипломиран инженер архитект-проектант

  • Објавен на 5.2022
  • План Дизајн ДОО
  • Активен до 28.05.2022
  • Позиција: Архитект и ентериер
  • Локација: Скопје

ПЛАН ДИЗАЈН ДОО Скопје има потреба од:

  1. Дипломиран инженер архитект-проектант  ( со или без работно искуство)

Персонални способности:

  • Да има чувство за простор, естетика, функционалност, рационалност и логика;
  • Спремност за усовршување на постоечкото и стекнување на нови знаења;
  • Одговорен кон работата

Пожелни познавања од областа на проектирањето (стамбена архитектура):

  • Изработка на проекти фаза архитектура;
  • Изработка на проекти фаза водовод и канализација;
  • Изработка на детална предмер пресметка за градежно занаетски работи;
  • Поднесување на соодветни барања и водење на предметот во системот градежна дозвола до добивање на одобрение за градба;
  • Познавање на законски и подзаконски акти и правилници поврзани со проектирањето и градењето;
  • Пожелно е познавање на некои од следниве програми: Autocad Architecture, Revit или Archi Cad.

Што нудиме:

  • Одлични услови за работа-атрактивна и динамична работа;
  • Професионална обука според личните потенцијали;
  • Атрактивен месечен надоместок и пакет бенефиции.

 

    2. Дипломиран инженер-планер (урбанист)-со или без работно искуство
Персонални способности:

  • Да има чувство за простор, естетика, функционалност, рационалност и логика;
  • Спремност за усовршување на постоечкото и стекнување на нови знаења;
  • Одговорен кон работата

Пожелни познавања од областа на планирањето:

  • Изработка на проектна програма за урбанистички проекти од сите видови;
  • Поднесување на соодветни барања и водење на предметот во системот е-урбанизам до одобрување на проектот планот или планската документација;
  • Подготовка на документација за добивање на услови за планирање на просторот;
  • Познавање на правилник за урбанистичко планирање и изработка на планови и проекти од сите видови.
  • Пожелно е познавање на некои од следниве програми: Autocad Architecture, Revit или Archi Cad.

Сите заинтересирани кандидати може да испратат CV на mail:

[најави се за да го видиш е-маилот] , или контакт број 078/332062

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »